За Yahoo Weather нема место во новиот софтвер на iPhone

59

Ios aplikacija za vremenska prognoza

Програмерите ја развиваат најновата верзија на оперативниот систем на Apple за iPhone и iPad, iOS 8, по што се утврди дека компанијата Apple најде нов извор на податоци за својата апликација за временската прогноза – The Weather Channel.

Во претходниот оперативен систем iOS 7, Apple ги користеше информациите од Yahoo Weather за да може да црпи информации за оваа апликација. Ова не е прв пат Apple да исклучува информации од своите апликации од други провајдери.

Можеби најчудниот детал е тоа што Yahoo Weather ја користи Weather Underground платформата како своја база на податоци, а Weather channel го купи Weather Underground во 2012 година.

Изборот на Apple да го заобиколи Yahoo не е добра вест за извршната директорка на светскиот пребарувач, Мариса Маер, чија цел е да го убеди Apple да го користи Yahoo Search како стандарден пребарувач наместо Bing.