За заедничка набавка на гас се пријавија 77 европски компании

17

Европската комисија го распиша првиот меѓународен тендер за заедничко купување гас за земјите од Европската унија и Енергетската заедница, користејќи го неодамна создадениот механизам AggregateEU.

На тој тендер 77 европски компании поднеле барања за вкупен обем на побарувачка на гас од 11,625 милијарди кубни метри. Побарувачката за течен природен гас изнесува 2,697 милијарди кубни метри, додека за испорака на гасоводот се потребни 8,928 милијарди кубни метри, објавено е на порталот ec.europa.eu, а пренесува Данас.

Чешката енергетска компанија ČEZ, шпанската Cepsa и полската PKN Orlen се меѓу компаниите кои планираат да учествуваат во шемата за заедничко купување.

Официјални претставници на Европската унија, сепак, рекоа дека некои големи енергетски компании изразиле неволност да учествуваат, нагласувајќи дека можат да преговараат за сопствени договори за гас по конкурентни цени.