Забавена инфлацијата во Франција и Шпанија

28

Инфлацијата продолжува да се забавува во еврозоната и нивото денес и во Шпанија и во Франција е многу пониско од пред една година, иако сè уште има раст на месечна основа.

Годишната стапка на инфлација во Шпанија, според прелиминарната проценка, падна од 3,4 отсто во јануари на 2,8 отсто во февруари и сега е најниска во последните шест месеци, објави денеска шпанскиот национален институт за статистика (INE).

Слични податоци доаѓаат и од Франција, каде што падот на стапката беше 2,9% во февруари од 3,1% во јануари.

Во февруари инфлацијата во Шпанија е помала поради значителниот пад на цената на струјата во однос на истиот месец лани.