Забавувањето на кинеската економија доведе до пад на цените на акциите во Азија

57

Берзанските индекси во континентална Кина и Хонг Конг денеска паднаа поради загриженоста на инвеститорите за забавувањето на кинеската економија, иако намалените приноси на долгорочните американски државни обврзници ги поддржаа другите референтни индекси.

Падот од 0,78 отсто на акциите во Хонг Конг и на најликвидните акции на берзите во континентална Кина од 0,36 отсто го повлече најширокиот индекс на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонските, за 0,22 отсто, пренесе Ројтерс.

Сепак, референтните показатели во Австралија и Кореја се зголемија, а јапонскиот Nikei индекс скокна за 0,81 отсто.