Заборавање

72

list

Фото: Pixabay

Човековиот мозок е интересна работа и за него можеме да зборуваме многу, но не е баш најекспедитивен кога се работи за запамeтување на работи. А знаејќи го човекот, во состојба е да проба да запамeти што е можно повеќе работи, и не многу често, но се случува да заборави. И можеби не е толку зло, ако заборавиме нешто што сме сакале да го запомниме, туку злото е многу поголемо, ако сме ветиле нешто, а сме заборавиле.

Како да не забораваме:

  • Мобилен телефон – јас многу често го користам како потсетник и тоа повеќе од неговите апликации: календарот, електронската пошта (си ипраќам е-пошта да ме потсети наредниот ден – што треба да направам), To Do апликација и безброј други што постојат.
  • Ливчиња – во случај да немам мобилен, запишувам на првото ливче што ќе ми дојде при рака. Едно време имав милион ливчиња, но сега почнав на крајот на денот да правам групирање во едно единствено.
  • Неделен потсетник – секој понеделник на работа имаме работен состанок и секој вработен пред него треба да има лист на кој му се заведени сите задолженија што треба да ги заврши таа недела. За време на тој состанок дефинираме приоритет и автоматски секој знае – кога и што треба да направи.
  • Список на работи – имајте си еден генерален список кој со текот на времето само ќе го менувате. Од него си одат работи кои се завршени, но доаѓаат нови и цело време така. Но, тој список може да ви биде или во компјутер или копија пред вас (некој го лепат на фрижидер) и мора да биде со листа на работи кои можеби не се приоритет, но сепак треба да се направат. Ако не ги ставите никаде, со време ќе ги заборавите.
  • Мозочни вежби – многу пати сме рекле, како што може да се развиваат мускулите на телото, така може и мозокот. Има милион вежбички што може да ги правите за подобрување на меморијата и работата на мозокот.
  • Одмор – за подобра меморија, потребен е одморен организам и мозок. Дајте си време за одмор и за релаксација. Немојте само да кажувате дека немате време за одмор во текот на денот.
  • Работа на повеќе работи одеднаш – тоа неминовно доведува до заборавање на нешто или некоја работа. Правете ги работите една по една и со тоа ја намалувате можноста нешто да заборавите.
  • Планирање – инвестирајте време за планирање. Што подобро испланирате некоја работа, помала е веројатноста да заборавите нешто.

И уште многу алатки коишто можат да ви помогнат за да не заборавите. Нешто што го научив пред некој ден од еден пријател, а е поврзано со заборавањето кое не доаѓа предвид, и дека максималната граница која може да ја толерираме, а тоа е:

„Да забавиме, но не и да заборавиме“ (Горан)

Со успех во промените.