Заборавете на готовината и картичките: Плаќајте со допир на раката

23

plakanje so dopirБиометриската идентификација не е нова работа – таа е стара колку и земањето отпечаток од прст, но во Шведска е направена вистинска пресвртница во биометриката, бидејќи благодарение на еден револуционерен изум сега плаќањата се поедноставни од кога и да е.

Па така, плаќањето се прави со едноставен допир на раката, наместо да се користат кредитни картички.

Фредерик Леифланд, студент по инженерство на Универзитетот Лунд во Шведска, дошол на идеја да го користи скенирањето на вените како софистициран начин на плаќање.

Неговата идеја денес ја преточува во реалност преку опремување на 15 продавници и ресторани во комплексот на Универзитетот со неговиот Quixter. Посебните терминали им овозможуваат на регистрираните купувачи со скенирање на нивната дланка брзо и ефикасно да платат за купената стока или услуга.

„Секоја рака има распоред на вени кој што е единствен за секој човек. Не постои начин на кој што би можело скенирањето да се злоупотреби“, рекол Леифланд.

Во овој момент има 1.500 активни корисници, пред се негови колеги и студенти, а скенирањето на дланката трае помалку од пет секунди.

Леифланд дошол на оваа револуционерна идеја стоејќи во долга редица во супермаркетот, кога забележал дека плаќањето е тоа што одзема многу време, па решил со неговиот изум да го промени тоа.

plakanje