Заборавивте каде сте го паркирале автомобилот? Google знае!

23

google-now-parking-n5Google now, дигитален асистент што функционира кај мобилните телефони што имаат Android оперативен систем, вгради паркинг детектор во своите функции за пребарување.

Новата услуга ја прикажува адресата каде што е паркиран автомобилот, а нуди и мапа што го покажува патот и оддалеченоста до него. Истата ова апликација дава и листа на локации на кои претходно бил паркиран автомобилот.

Google го користи сензорите на вашиот мобилен телефон да регистрира кога сте го напуштиле возилото со кое се превезувате. Па така, на листата на локации може да се најде и местото каде што сте излегле од автомобилот на вашиот пријател или пак кога сте се симнале од автобус, објаснуваат од Google.