Забраната на дизелаши и бензинци е голем удар за автомобилската индустрија

167

Европскиот парламент донесе одлука да ја забрани продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување на европскиот пазар од 2035 година. На крајот на јуни нацртот на овој закон треба да се најде пред Советот на Европа за секој да може да го одобри неговиот текст, а потоа да го потпише. Споменатиот закон е дел од европскиот план „Fit for 55“ со цел да се намалат на нула емисијата на издувни гасови од автомобилите и комбињата, пишува BiF.

Прашање е, меѓутоа, како тоа ќе се одрази на автомобилската индустрија, која има значителен придонес во европскиот БДП, од дури седум отсто и вработува 14,6 милиони луѓе. Одговорот на ова прашање веќе може да се слушне во јавноста, а воопшто не е симпатичен за законодавците.

Имено, германското здружение на производители на автомобили објави дека одлуката е насочена „против граѓаните, пазарите, иновациите и современите технологии“. Нејзиниот претседател тврди дека е рано за вакви строги забрани бидејќи добар дел од автомобилската индустрија сè уште не е подготвена за целосна транзиција кон електрични и други „зелени“ возила. Покрај тоа, Европа не е инфраструктурно опремена со доволно станици за полнење на такви автомобили. Со слично мислење има и Европската асоцијација на производители на автомобили.