Забраната на ЕУ за купување телеком опрема од ризични добавувачи носи поголем трошок од очекуваниот

Планот на Европската Унија (ЕУ) за намалување на ризикот во својата телекомуникациска мрежа со купување опрема од ризични добавувачи, како што е кинескиот „Хуавеј“, ќе чини до четири пати повеќе од официјалните проценки, проценува телекомуникациската индустрија.

Меѓународното здружение на мобилни оператори GSMA, кое има претставници низ целиот свет, објави во извештај дека директните трошоци за замена на опремата на добавувачите со висок ризик ќе чинат помеѓу 30 и 40 милијарди евра.

Ова е значително повеќе од проценката на Европската комисија, која наведува дека трошоците ќе изнесуваат помеѓу 3,4 и 4,3 милијарди евра годишно во период од три години. Вкупно, ова би довело до трошоци помеѓу 10 и 13 милијарди евра.

Брисел предложи замена на опремата од ризични добавувачи како што се кинеските Huawei или ZTE како дел од новиот закон за сајбер безбедност. Постојат  дискусии за тоа какви ќе бидат реалните трошоци и дали телекомуникациските оператори треба да добијат одредена компензација.

GSMA процени дека одвојувањето на ризичните добавувачи од мобилната мрежа ќе донесе трошоци од 16 до 22 милијарди евра, од фиксната мрежа пет милијарди евра и од транспортната мрежа помеѓу девет и 12 милијарди евра.

Дополнително, GSMA предупредува на дополнителни трошоци од 8,5 милијарди евра во периодот од 2027 до 2030 година, бидејќи ќе има помала конкуренција меѓу производителите на телекомуникациска опрема, што ќе доведе до повисоки цени.

Сепак, постојат експерти кои не се согласуваат со ваквите проценки.