Забранети сите летови од Велика Британија за Македонија

59

Владата ги забрани сите летови од Велика Британија во земјава, соопшти премиерот Зоран Заев, по појавата на мутацијата на Ковид-19. Комисијата за заразни болести утрово препорача само 14-дневна изолација за патниците од Британија, но не и забрана.

“После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен ковид-штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници кои по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија“, напиша Заев на Фејсбук.

Фото: Freepik