Заем од Г7 за Украина: САД издвојуваат 20 милијарди долари

30

Американската влада се согласи да го одвои својот дел од 20 милијарди долари за поголем заем од Г7 за Украина, кој ќе биде обезбеден под гаранција за профит од замрзнатите средства на Русија, објави американскиот министер за финансии Џенет Јелен на состанокот во Вашингтон со украинскиот колега Серхи Марченко.

„Г7 има намера да и обезбеди на Украина заем од 50 милијарди долари до крајот на оваа година. А САД ќе се приклучат на Г7 со цел да и дадат на Украина заем од 20 милијарди долари, “, истакна Јелен.

Според неа, тоа значи дека Русија ќе биде принудена да плати за својата „илегална војна, а не американските и европските даночни обврзници“.

Во врска со ова, министрите за финансии на САД и Украина потпишаа заедничка изјава во која ги наведуваат намерите на САД во однос на насочената распределба на средства за поддршка на Украина.

Одлуката на САД беше објавена по неколкумесечни преговори меѓу земјите од Г7 во врска со структурата на заем од 50 милијарди долари за Украина под гаранција за замрзнати руски средства.

Во вторникот, Европскиот парламент ја поддржа резолуцијата за создавање Механизам за кредитна соработка со Украина и за обезбедување исклучителна макрофинансиска помош.

Станува збор за 35 милијарди евра од фондовите на ЕУ, како и механизам кој ќе помогне да се отплатат кредити во износ до 45 милијарди евра обезбедени од партнерите, на сметка на каматите од замрзнатите средства на Руската Федерација, потсетува украинската агенција.