Загадениот воздух ја чини Европа 166 милијарди евра годишно

Загадениот воздух ја чини Европа 166 милијарди евра годишно, стои во студијата на CE Delft од Брисел, којшто ги испитува трошоците за прерана смрт, болест и изгубени работни места поради нечист воздух во 432 градови во Европа.

Студијата предвид зема три важни фактори што го загадуваат воздухот: честички, јаглерод диоксид и озон, како и трошоците поврзани со лекување, намалување на животниот век или болест.

Лондон е европска престолнина со највисоки трошоци поврзани со загадувањето од 11,4 милијарди евра, по што следуваат Букурешт и Берлин.

Загадувањето на воздухот е директен “виновник“ за околу 480.000 прерани смртни случаи во Европа, а тие бројки би можеле да бидат уште поголеми.

Се верува дека загадувањето на воздухот во градовите е поради неколку фактори – превоз, греење на домовите или индустриски и земјоделски активности. Иако е тешко да се прецизира кој сектор е најголем загадувач, студијата го третира превозот и проценува дека бројот на автомобили во градовите за само 1% ги зголемува социјалните трошоци за скоро 0,5%.

Фото: Freepik