Загина директорот на најголемата хрватска брокерска куќа

33

auctorВо тешка сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот Загреб – Сплит, загинаа две лица, основачот и претседателот на Управата на најголемата хрватска брокерска куќа Ауктор, Маријан Палиќ (42) и Кристијан Пањол Туфлија (42), член на Управата на Штедбанка и мнозински сопственик на Просперус инвест.

Палиќ, сопственик на една од најголемите и најуспешни хрватски брокерски куќи, меѓу останатото и претседател на Надзорниот одбор на хотел Лагуна Новиград, починал на место, додека Туфлија починал откако е пренесен во болницата во Госпиќ, јавуваат хрватските медиуми.

Маријан Палиќ и Кристијан Пањол Туфлија беа пионери на пазарот на капитал во деведесетите години. Палиќ кариерата ја започнал во Загрепска банка, но набрзо со два партнери ја основал брокерската куќа Ауктор, која прерасна во најголема инвестициска куќа на пазарот. Ауктор работеше на најголемите преземања и ги водеше портфолијата на најголемите бизнисмени во Хрватска.

Пањол Туфлија започна во Далбанк инвест, управуваше со ПИФ Велебит, а своевремено беше и помошник на министерот за економија Љубо Јурчиќ во владата на Ивица Рачан.