Наскоро во Загреб ќе започне изградбата на комплекс згради од четири облакодери на скоро 105.000 метри квадратни бруто градежна површина. Комплексот се состои од хотел висок 120 метри, станбени градби кои се делат на две згради високи 95, односно 74 метри и деловна кула висока 135 метри. Се проценува дека проектот ќе чини околу 150 милиони евра. Инвеститор е фирмата Савица проект, а за идејно решение е избран проектот на архитектот Дарио Траваш, пишува Т-портал.
Во рамките на комплексот ќе има и продавници, здравствен центар, градинка, книжарница, фитнес центри, ресторани…