Загреб по трет пат прогласен за најдобра божиќна дестинација во Европа

20

z1

Загреб по трет пат е прогласен за најдобра божиќна дестинација во Европа, оставајќи зад себе градови како Колмар, Виена, Стразбург, Прага… Порталот European Best Destinations спроведе анкета во којашто учествуваа 200.596 лица од 131 земја, а Загреб освои 38.830 гласови.

z2Со тоа главниот град на Хрватска во конкуренција од 20 градови ја одбрани титулата што ќе ја носи и за 2018 година и стана единствен град којшто три години по ред ја освојува оваа титула, пишува Пословни дневник.

z3

“Главниот град на Хрватска е најдобрата дестинација за да се прослави Божиќ во Европа. Во ова време од годината магијата е насекаде во Загреб. За време на божиќниот саем Advent, Загреб нуди посебна атмосфера што едноставно мора да се доживее“, пишува European Best Destinations.

Фото: Advent