Загреб полн со туристи

22

Во Загреб очекуваат уште една рекордна туристичка година. Градот и овој декември е преплавен од туристи.

– Сезоната е токму онаква каква што очекувавме. Сегашната пополнетост ни е околу 60, 70%. Очекуваме се да биде исполнето до крај, истакна Карло Гајски, менаџер на хостел.

Хотелите се речиси полни. Повеќето од нив се избрани од странци, од целиот свет, но сè повеќе има и домашни гости.

– Првите гости ни беа од Јапонија. Забележуваме и интерес од сите пазари, како и од околните земји, но морам да признаам дека досега сме имале гости од Сингапур, Малезија, Катар, но дефинитивно голем дел и од локални гости – особено од Далмација, изјави Томислав Корошец, менаџер на хотел.

Ноќевањата во најлуксузните хотели одат и до 400 евра. Приватно сместување може да се најде за десет пати помалку. Туристичките власти велат дека цените се претежно исти како лани.

– Покрај тоа што се задоволни како домаќин кој заработува, заработуваат и транспортните компании, заработуваат услугите, заработуваат здравствените установи. Сето тоа се прелева, се разбира, преку зголемената побарувачка за работна сила, нагласи Миљенка Јурченко, Хрватско здружение за семејно сместување.

Годинава има околу 20 отсто повеќе пристигнувања и 14 отсто повеќе ноќевања од лани.

Фото: Facebook