Загрепска берза ја презеде Љубљанска берза

38

zse-580x269

Загрепска берза (ZSE) успешно го заклучи процесот на преземање на Љубљанска берза (LJSE) со стекнување на 100% акции од групацијата CEE Stock Exchange Group (CEESEG), стои во соопштението објавено на Загрепска берза.

Процесот на аквизиција започна на крајот на јуни 2015 година, кога Загрепска берза беше избрана како потенцијален преземач на Љубљанска берза.

Управите на двете берзи очекуваат оваа аквизиција позитивно да се одрази на двете берзи и на двата пазара на капитал.

Љубљанска берза од 2008 година беше во сопственост на Виенска берза, која што ја купи за 47 милиони евра.