Загрепска берза заинтересирана за купување на Љубљанска берза

72

berza

Загрепска берза (ZSE) е заинтересирана за преземање на Љубљанска берза (LJSE). Како што дознава Пословни дневник, разговорите помеѓу Виенска берза, сопственикот на Љубљанска берза и Загрепската берза траат веќе некое време, а се разговара за класично преземање. За тоа пишуваше и словенечки Финанце, според кој Хрватите за Љубљанска берза се заинтересирани и поради технологијата, односно поради платформата за тргување Xetra.

Портпаролот на Виенска берза, Јулија Раш истакнува дека се задоволни што неколку страни покажале интерес за LJSE. Раш за Пословни изјави дека во моментов ги истражуваат сите опции и ги проверуваат економски рационалните понуди. Ќе одлучуваат врз основа на економски параметри и немаат притисок за продажба.

Виенска берза ја купи Љубљанска берза во 2008 година за 47 милиони евра.