Загрепската берза стекна удел во Македонската берза

54

Загрепската берза (ЗСЕ) се здоби со 5,3 % од сопственоста на Македонската берза (МСЕ) со склучување договор којшто е пријавен на Македонската берза, објави Загрепската берза. Ова е втора аквизиција на Загрепската берза во некоја регионална берза, откако ЗСЕ се здоби со 100 % од сопственоста на Љубљанската берза во 2015 година преземајќи ја од Виенската берза.

Загрепската берза долги години успешно соработуваше со Македонската берза на размена на знаење и искуство.Соработката се интензивира оваа година, кога Македонската берза потпиша ексклузивен договор за соработка со хрватската компанија Funderbeam SEE, во која Загрепската берза има 20 % сопственост и е дел од естонската Funderbeam Group, која управува со платформата за финансирање стартапи, пишува Privredni hr.

“По искуството во Хрватска и Словенија, свесни сме дека секоја регионална економија има потреба од силен национален пазар на капитал и во тој поглед ќе помогнеме во зајакнување на улогата на Македонската берза во локалната економија. Веруваме дека оваа берза има значителен потенцијал за одгледување и проширување на својот асортиман на производи и имаме за цел активно да учествуваме во нејзиниот развој, особено во усогласувањето на македонското законодавство со европското законодавство, во кое имаме значително искуство “, рече Ивана Гашиќ, претседател на Загрепската берза.

Фото: Берза