Зајакна доларот – најголем пораст од февруари

46

На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути минатата недела забележа најголем пораст од февруари, додека курсот на еврото во однос на американската валута падна за 1,5%.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела зајакна за 1,4 отсто, на 102,69 поени.

Истовремено, доларот зајакна за 1,5 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0850 долари.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,6 отсто на 135,70 јени.

Најголемата неделна добивка на доларот од февруари е благодарение на неговиот статус како сигурна валута во несигурни времиња, пишува seebiz.