Зајакнува доларот, цената на нафтата паѓа

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,07 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 106,94 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,70 на 150,40 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0430 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0460 долари.

Цените на нафтата сепак паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава падна за 0,25 отсто, на 75,85 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,42 отсто, на 71,95 долари.