Зајакнува доларот, цената на нафтата расте

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути е зголемена.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,03 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 106,84 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 151,55 на 152,05 јени.

Американската валута благо зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0455 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0480 долари.

Цените на нафтата, сепак, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,24 отсто, на 75,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,03 отсто, на 71,45 долари.