Зајакнува доларот, цената на нафтата расте

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути се зголеми бидејќи на доларот се гледа како на побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,27 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,03 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 149,75 на 150,55 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0805 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0835 долари.

Цените на нафтата сепак благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,14 отсто, на 73,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,09 отсто, на 69,15 долари.