Закачалка што ја елиминира непријатната миризба од облеката

66

zakacalka

Фото: Panasonic

Јапонската компанија Panasonic претстави паметна закачалка Nanoe X којашто ја чисти облеката од непријатни мириси.

Закачалката ги користи негативно наелектризираните честички за да ја освежи облеката. Јоните ја собираат влагата од воздухот и ги елиминира мирисите од облеката како чад од цигари или пот. NanoeX ги елиминира непријатните мириси без да ја оштети ткаенината, но не чисти дамки од облеката, пишува Engadget.

Закачалката има два начина на чистење и потребни и се пет до седум часа за освежување на облеката. NanoeX освен што ја елиминира непријатната миризба, го чисти и поленот наталожен на облеката.

Цената на закачалката изнесува 180 евра.