
Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, ќе се појави како клучен сведок оваа недела на судењето по обвинувањата на акционерите дека неговата платформа Facebook со години дозволувала масовно собирање на податоци на корисниците без нивна согласност.
Во тужбата се тврди дека Закерберг и други поранешни и сегашни директори на „Мета“, вклучувајќи ги Шерил Сандберг, Марк Андресен, Питер Тил и Рид Хејстингс, го прекршиле договорот од 2012 година со Федералната трговска комисија на САД (FTC) за заштита на приватноста на корисниците, објави Ројтерс.
Случајот датира од 2018 година, кога се дозна дека „Кембриџ Аналитика“, сега веќе непостоечка фирма за политички консалтинг, пристапила до податоците на милиони корисници на Facebook без нивно знаење и согласност.











