Закрепнувањето на банките ги поттикна европските берзи

17

На европските берзи во понеделник наутро индексите пораснаа, што најмногу се должи на закрепнувањето на цените на акциите во банкарскиот сектор, по остриот пад на крајот на минатата недела.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 1,3 отсто.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,95 отсто, на 7.475 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,13 отсто, на 15.126 поени, а париски CAC зајакна за 1,34 отсто, на 7.109 поени.

Растот на индексот најмногу се должи на растот на цените на акциите во банкарскиот сектор во просек за 2,8 отсто, откако во петокот паднаа за 3,8 отсто.

Цената на акцијата на најголемата германска банка Дојче банк утринава скокна за повеќе од 6 отсто, откако во петокот потона за 8,5 отсто.

Цената на акцијата на најголемата швајцарска банка УБС порасна за 2,5 отсто, но и натаму е во загуба од околу 15 отсто откако го презеде Credit Suisse.

Стравувањата од ширење на кризата во банкарскиот сектор донекаде стивнаа по веста дека американската First Citizens BancShares ќе ги преземе депозитите и заемите на неодамна пропаднатата Silocon Valley Bank.

Фото: Facebook