Закрепнувањето на еврозоната забави во јануари

Економското закрепнување на еврозоната дополнително ослабе овој месец бидејќи обновените ограничувања наметнати за борба против варијантата омикрон  нанесоа уште еден удар на услужната активност, а цените продолжија да растат, покажа истражувањето објавено во понеделникот.

Со омикронот што ја зафати Европа, владите упатија препораки до граѓаните да останат дома и да избегнуваат дружење или состаноци во групи.

Менаџерскиот индекс на HS Markit, кој се смета за мерка за целокупното економско здравје, падна на 52,4 во јануари од 53,3 во декември, што е најниско од минатиот февруари и под 52,6 предвидено во анкетата на Ројтерс.

На таа бројка влијаеше услужниот сектор, во кој индексот падна на деветмесечен минимум на 51,2 од 53,1.