Занаетчиската комора бара субвенционирање на разликата од сегашната и најавената зголемена минимална плата

52

Занаетчиската комора на Република Северна Македонија достави барање до Владата да се субвенционира разликата од 3.000 денари доколку се зголеми минималната плата од 15.000 на 18.000 денари, информираше денеска претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

-Занаетчиите плаќаат поскапа индустриска електрична енергија, а потрошувачката од овие микро и мали занаетчиски дуќани воопшто не може да се спореди со потрошувачката кај поголемите индустриски капацитети. Не може еден фен или една занаетчиска машина да троши толку големо количество на електрична енергија за да се спореди со големите индустриски капацитети. Микро и малите занаетчиски дуќани немаат толкав капацитет за да направат голема потрошувачка на електрична енергија. Поради тоа бараме микро и малите претпријатија да се стават во посебна ставка и да не плаќаат скапа индустриска струја, рече Фазлији.