“Занемарената“ група работници конечно ги доживеа своите пет минути

106

Веројатно има неколку категории работници кои уживаа да работат од дома, но една посебно се истакна, а тоа се интровертите.

Покрај работата од далечина, вработените ширум светот уживаа во нивната удобност, флексибилност, фактот дека не мора да патуваат и да се средуваат за работа и состаноци, за многумина беше релативно лесно што не мора да се среќаваат со колегите.

На затворените личности им се допадна фактот што никој не може да ги “вознемирува“ од работа дома, да им пријде на нивната маса и да започне разговор. Според BBC, “овој тип на работа обезбеди можност тивките и незабележителни луѓе, кои секогаш поминуваа под радарот во канцеларијата, да се истакнат сега“.

Од друга страна, освен шефовите (иако не сите), сите екстроверти со нетрпение чекаат да се вратат во канцеларија. Транзицијата кон работа од дома се случи нагло во текот на 2020 година, и некои подобро се прилагодија на новите услови отколку некои други.

Покрај тоа, потребите на клиентите се променија, така што – интересно – вештините што ги поседуваат интровертите станаа поизразени. Виртуелната комуникација им понуди повеќе можности да ги споделат своите мисли со другите, вели Кејт Морган во текстот, во кој заклучува како “тивките“ работници работата од дома им овозможила да комбинираат нова енергија со нов начин на работа – и со тоа да се истакнат повеќе.

Во деновите на нестабилност, на самиот почеток на пандемијата, потребите на многу компании и нивните клиенти се сменија, а оние работници кои беа подготвени да ги исполнат се истакнаа. Клучот за успехот е во тоа што интровертните работници имаат способност на аналитичко размислување и емпатија, рече Ричард Етиен, експерт за брендирање, додавајќи дека овие вештини се многу барани за време на пандемија. Таквите луѓе се сигурни и темелни.