Запленети маски, ракавици, антибактериски гелови и средство за дезинфекција

154

Царинските службеници во текот на изминатите три недели запленила ракавици, маски, антибактериски гелови и средство за дезинфекција, соопштуваат од Царинската управа.

“1.900 хируршки ракавици, 400 заштитни маски, 96 антибактериски гелови и два литри средство за дезинфекција, откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блато. Производите, чиј извоз е забранет согласно воведените мерки од Владата за превенција од ширење на вирусот Covid 19 (корона вирус), е пронајдена во црна вреќа сместена на задното седиште на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка“, стои во соопштението од Царинската управа.