Заплови најголемиот крузер во светот

20

1453219760_m-A34-101-11-01-2016-8Harmony of the Seas, најголемиот крузер во светот, минатата недела за прв пат заплови по морските води, пишува Guardian. Бродот е долг 362 метри, што е за 92 метри повеќе од Титаник, додека висината му изнесува 70 метри.

Неговата тежина е импресивна – 120.000 тони, што е воедно и рекорд помеѓу патничките бродови. Импресивна е и цената – неверојатни 1,1 милијарда долари.

Harmony of the Seas може да пренесува 6.000 патници и 2.000 членови на екипажот, а првото патување го започна од пристаништото Сент Назар во Западна Франција.

На патувањето присуствуваа околу 500 патници, најголем дел од нив беа членови на екипажот, како и преставници од сопствениците, инженерите и добавувачите. На капетанот на бродот му помогнаа и три пилоти кои беа специјално тренирани за таа задача.

Бродот беше изграден од страна на компанија Royal Caribbean International (RCI) во септември 2013 година. Следното патување е закажано за крајот на април, а се очекува да трае до 12 мај.

??????????????oasis-of-the-seas-aqua-theatreaquatheaterrci