Започна мобилното издавање пасоши за нашите државјани во Кина

35

Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во нашата Амбасада во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање патни исправи и во оваа држава. Со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).

Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен со рестриктивни мерки за карантин.

Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15. Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи за време на овој мандат.