Снабдување со топлинска енергија Балкан Енерџи од денеска ја започнува новата грејна сезона, стои во соопштението.
“Соодветно на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, а во врска со Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги, се создадени услови за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија“, соопштуваат од БЕГ.
Оттаму потсетуваат дека одржувањето на внатрешната инсталација, согласно важечките законски норми, е обврска на самите потрошувачи.