Започна Октоберфест: Кригла пиво поскапа за околу шест проценти

45

Вчера во Минхен започна 188-от Октоберфест, каде што милиони посетители годинава ќе треба да издвојат повеќе пари за литар пиво, имајќи го предвид растот на цената од шест отсто во споредба со минатата година.

Со традиционалниот извик „O’zapft is“ (Се излева), градоначалникот на баварската престолнина Дитер Ритер  го означи официјалниот почеток на традиционалниот 18. -ден фестивал, објави АП.

Посетителите облечени во традиционални кожени панталони и фустани дирндл се собраа рано во десетиците шатори кои чекаа да го испијат своето прво пиво пиво.

Околу шест милиони луѓе го посетуваат Октоберфест секоја година. Фестивалот не се одржа во 2020 и 2021 година поради Ковид-19, а се одржа повторно минатата година. Кригла пиво од еден литар годинава чини 12,60-14,90 евра, што е зголемување за околу шест отсто во однос на лани.

Октоберфест трае до 3 октомври.

Фото: Pixabay