Започна производството на нов автомобилски бренд во Русија

95

Автозавод Санкт Петербург, која е подружница на АвтоВАЗ, започна со производство на автомобили под брендот XCITE, објави руската компанија.

Производителот ќе открие детали за новиот модел на крајот на февруари пред почетокот на продажбата. Во соопштението се наведува дека фабриката во Санкт Петербург ја произведе првата серија од неколку илјади автомобили и продолжува да акумулира залихи, пренесува Комерсант.

XCITE е првиот сопствен проект во новата историја на фабриката за автомобили во Санкт Петербург, а според среднорочниот план, производството на поголем број модели ќе биде лансирано во капацитетите на компанијата во тесна соработка со меѓународните партнери, соопштија од компанијата.

Амблемот на новиот бренд е направен во форма на буквата „Х“, врамена со елипса. На почетокот на овој месец, AvtoVAZ објави дека напролет ќе претстави автомобили под нов бренд.

Автомобилите се произведуваат во партнерство со кинескиот производител Chery. Кинезите, наводно, прифатиле партнерство со руската фабрика под услов да не се открие. Според руските медиуми, моделот Chery Tiggo 7 се склопува во фабрика во Санкт Петербург, но без идентификациски знаци.