Започна регионалниот проект Balkan Marketing Network

42

784a92b9-2167-4bb1-863e-4ed45a046189Познатите маркетинг портали во регионот, како Marketing365 од Македонија и Marketing mreža од Србија, стартуваа со реализација на проектот Balkan Marketing Network, кој има за цел афирмација на маркетинг и ПР индустријата, вмрежување и деловно поврзување на сите учесници на регионалниот пазар на комуникации.

“Идејата на самиот проект е да придонесе за развојот на маркетинг и ПР индустријата во регионот, како и да поттикне регионална соработка меѓу агенциите, огласувачите и медиумите. Исто така, преку заедничките проекти кои ќе ги организираме во иднина ќе се трудиме да поставиме нови повисоки стандарди во фелата и истовремено да промовираме позитивни регионални примери од праксата”, рече Борис Ефтимовски, основач и уредник на порталот Маркетинг365.

Основачот и уредник на порталот Маркетинг Мрежа, Ивана Парчетиќ, дополни дека Balkan Marketing Network е всушност продолжение на соработката на двата портали.

“Следејќи ја индустријата во претходните години, сфативме дека на нашите соработници, но и на самата индустрија, треба да и понудиме нешто повеќе. Нема сомнеж дека само со заеднички сили и со регионално вмрежување на сите учесници на пазарот можеме да ги подигнеме границите, да ги следиме светските трендови, да одолееме на предизвиците со кои се соочуваат сите држави од регионот, да развиваме здрава конкуренција а со тоа и да го унапредиме бизнис амбиентот и позицијата на фелата”, додаде Парчетиќ.

Иницијаторите на проектот веруваат дека ќе ја продолжат успешната соработка со агенциите, огласувачите и медиумите, како од Македонија и Србија, така и со тие од Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора, како и со сите други кои сметаат дека ваквата соработка може да им овозможи поддршка и помош.