Започна туристичката сезона во Хрватска: Паркинг во Дубровник пет евра за час

21

dubrovnik

Почетокот на туристичката сезона во Дубровник е време кога цените почнуваат да растат, а да се пронајде слободно паркинг место е вистинска среќа. Дубровчаните за 25.000 автомобили имаат на располагање само 2.000 паркинг места.

Токму поради тоа, еден час паркинг пред влезот во јадрото на градот е 40 куни или над пет евра за еден час, пишува Дневник.хр.

Иако е висока, оваа цена не им пречи ниту на мештаните, ниту на туристите.

“Скапо е, но е во близина на ѕидините, па тоа е нормално“, смета турист од Русија.

Пред ѕидините на стариот град има 30-тина места за паркирање, а жителите на Дубровник велат дека им е полесно да ја платат високата цена, одошто товарот од далеку да го носат на Страдун.

“Кога нема друго решение… доколку нешто морам да пренесам, тогаш ќе морам и да платам“, вели жител на Дубровник.