Започна заладувањето на пазарот: Цените на недвижностите паѓаат

88

Зголемените цени и нестабилноста ги одбележаа пазарите на недвижности ширум светот во текот на 2022 година. И додека многумина се прашуваат кога ќе започне ладењето на пазарот, се чини дека тоа веќе започна и во Европа и во Америка. Некои функционери сега најавуваат поостар пад, прво на пазарот за изнајмување, а тоа може да има натамошен епилог на целиот пазар.

Вистината е дека сè додека има побарувачка, а сè додека е поголема во однос на понудата, треба да очекуваме раст на цените. Во последно време овој однос во многу земји,  го разнишаа повисоките цени на станбените кредити, но и побавното градење. Факт е и дека инфлацијата го направи својот данок во градежништвото, дека разладувањето полека се движи и дека сè повеќе граѓани се воздржуваат од инвестирање. Сепак, ваквото однесување не е правило и се е работа од земја до земја.

Џенет Јелен, министерката за финансии на САД,  беше многу конкретна. Таа најави заладување на пазарот со многу конкретни зборови и реченица дека се очекува пад на цените на недвижностите во следните 6 месеци.

„Цените на имотот за изнајмување ќе паднат во следните шест месеци, што исто така би придонело за општото подобрување на ситуацијата“, рече американскиот министер за финансии, велејќи дека силните пазари на труд и напредокот во ограничувањето на инфлацијата се показатели кои „влеваат голема надеж“.

Од друга страна, експертите и аналитичарите сметаат дека европскиот пазар на недвижности минува низ многу лош и турбулентен период. Вредноста на недвижностите драстично се зголеми во текот на изминатите и претходните години, а сега заладувањето се забележува во се повеќе земји. Цената на метар квадратен во некои земји падна во просек за 15 отсто. Како што изгледа засега, најмногу во Шведска.

Шведска

Падот на вредноста на имотот веќе стигна и во Шведска. Шведска во моментов се соочува со еден од најлошите падови кога станува збор за недвижностите, а тој пад се заканува да се продлабочи уште повеќе. Цените на куќите веќе се пониски за 12 отсто, а проценките се дека овој процент би можел да надмине 20. Експертите велат дека пазарот на недвижности во Шведска минува низ „драматични промени“.

Грција

Иако Грција се смета за една од најпосетуваните туристички дестинации, цените на недвижностите не се толку високи во споредба со другите земји во Европа. Куќите со плац започнуваат од 55.000 евра, а становите се наоѓаат за 39.000 евра, па дури и помалку. Грчкиот пазар на недвижности се вели дека е стабилен и во моментов нема проценки дека може да има значителни промени.

Франција

Франција е уште една земја во Европа каде вредноста на недвижностите падна. Половина од 35-те најголеми градови во Франција забележаа пад на цените од 3 отсто во просек во однос на последните три месеци.

Обединето Кралство

Кога зборуваме за Велика Британија, ситуацијата е многу слична со онаа во другите земји во Европа, иако падот на вредноста е процентуално помал отколку во Франција. Просечната цена на становите во државата падна за 2,3 отсто минатиот месец, што е најбрза стапка во последните 14 години, додека кириите се зголемија.