Започнува 48-oт форум во Давос

53

davos-pixabay

Фото: Pixabay

Познатото швајцарско зимско одморалиште Давос и оваа година е домаќин на Светскиот економски форум (World economy forum – WEF). Тема на 48-мото издание на форумот, што започнува денеска, е Изградба на заедничка иднина во поделениот свет.

Над 2.500 претставници од светската политичка и економска елита ќе се обидат да дефинираат заеднички акции и мерки за решавање на глобалните проблеми.

Меѓу поважните имиња на листата на гости на овогодинешниот Давос се: американскиот претседател Доналд Трамп, индискиот премиер Нарендра Моди (кој оваа година е главен говорник), францускиот претседател Емануел Макрон, британската премиерка Тереза Меј, шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, директорот на IBM Џими Ромети и слично.

И Македонија оваа година ќе има свој претставник на овој светски форум.