Започнува фудбалската треска Русија 2018

23

Денес стартува светското првенство во фудбал, најважната споредна работа во светот. Во пресрет на едномесечната фудбалска треска која ни престои, CNN сумираше повеќе интересни факти низ бројки. Ние ви ги пренесуваме најинтересните:

  • На Светското првенство во фудбал, Русија 2018, ќе учествуваат 32 репрезентации, 736 фудбалери од 311 различни фудбалски клубови во светот.
  • 186 фудбалери кои настапија на претходното првенство во Бразил, ќе настапат и во Русија.
  • Иако Италија не обезбеди настап на СП 2018, дури 11 фудбалери на италијанскиот шампион, Јувентус, ќе играат на светското првенство.
  • Сепак, англискиот шампион, Манчестер Сити, е тимот кој ќе даде најмногу репрезентативци во Русија, дури 16. После него следат Реал Мадрид со 15, и Барселона која има 14 играчи.
  • Најмногу титули светски шампион, дури 5, има освоено репрезентацијата на Бразил.
  • Највисок фудбалер на превнството е хрватскиот голман, Ловре Калиниќ, кој е висок 2,01 метри, додека, пак, најнизок е ЈахјаАл Шехи од Саудиска Арабија со 164 см.
  • Исланд и Панама ќе го имаат своето деби на едно светско првенство.

  • Пеле три пати го освојувал шампионскиот пехар со Бразил и од сите репрезентативци има постигнато најмногу голови за својата земја, 77 на 92 меча.
  • Претходното светско првенство, кое се играше во Бразил 2014 година, го проследиле 3,2 милијарди луѓе ширум светот.
  • Уругваецот Оскар Табарез со 71 година, е најстариот селектор годинава. Тој е втор најстар селектор и во историјата на светските првенства, веднаш зад германецот Ото Рехагел.
  • Мохамед Салах постигна 16 гола на 14 квалификациски меча за СП, а утре полни 26 години. Шест фудбалери досега успеале да постигнат гол на својот роденден на светските првенства.
  • Најмногу голови, 16, на едно светско првенство има постигнато германецот Мирослав Клосе.
  • Најмладиот фудбалер кој ќе настапи на СП има 19 години. Рекордот за најмлад фудбалер кој воопшто настапил на едно СП е Норман Вајтсајд од Северна Ирска со 17 години и 41 ден.
  • Фудбалер со најмногу настапи за својата репрезентација на ова СП е Ахмед Хасан. Тој одиграл 184 меча за својата земја.

Фото: Pixabay