Продажбата на становите од висококатниците на турската компанија Џевахир Холдин во општина Аеродром започнува денес.
По повод официјалниот почеток на продажба и отворањето на изложбениот салон на прес-конференција ќе се обрати и Есер Џевахир, генералниот директор на Џевахир Холдинг.
Изградбата на четирите висококатници – проект на Џавахир Холдинг, е една од најголемите инвестиции во градежниот сектор во Македонија и чини 100 милиони евра.
Станбено-деловниот комплекс во скопската општина Аеродром вклучува четири висококатници со 42 ката и објект што ќе претставува деловен и трговски центар. Во станбениот комплекс ќе има станови со вкупен капацитет за околу 5.000 луѓе.