Во рамките на првиот модул од Претприемачката програма за Финансии, утре во хотел Фени, Кавадарци ќе се одржи предавање на теми Финансии и Финансиски Менаџмент/Финансиска Анализа I.
Оваа програма е дизајнирана како резултат од препознаените потреби на учесниците во првата генерација на проектот за микро и мали претпријатија на УСАИД,односно од потребата за поспецифични знаења од областа на финансиското работење на компаниите.
Предавач на настанот е консултантот Билјана Киселички, а ќе бидат обработени следниве содржини:
– Принцип на сметководство
– Функции на финансиите
– Систем на финансиско известување
– Толкување на финансиските извештаи
– Анализа на финансиски извештаи (цели и корист)
– Дискреција на Менаџмент
– Рацио анализа и толкување на коефициентите
Настанот ќе започне во 13:00 часот со регистрација на учесниците, по што ќе следи воведно обраќање на тимот на Проектот на УСАИД Македонија за Микро и Мали претпријатија.