Започнува СЕФ: Давос без снег ѝ кажува на глобалната елита сè што треба да знае во 2023 година

99

Денеска во швајцарскиот град Давос започнува уште еден Светски економски форум (СЕФ), кој трае неколку дена, односно до 20 јануари.

И додека чекаме годинава да се „запознаеме“ со говорниците, и да ги слушнеме актуелните теми, една од нив, сепак, се наметнува. Блумберг, всушност, ги објави овогодинешните фотографии од Давос, кои зборуваат погласно од зборовите: климатските промени се реалност.

Во средината на јануари, меѓу Алпите, речиси и да нема снег.

Ова е јасен апел до светот, владите, компаниите и поединците, да вложат повеќе напори во решавањето на климатските проблеми, а Давос 2023 година ќе биде „обоен“ со некои помрачни предвидувања.

Форумот во познатиот швајцарски зимски центар Давос последен пат се одржа во своето традиционално време, во јануари 2020 година, бидејќи во 2021 година беше организиран виртуелно, а во 2022 година беше одложен за мај поради коронавирусот.

Давос и оваа година ќе ја собере деловната и политичката елита.

Шефовите на 52 држави, 56 министри за финансии, 19 гувернери на централни банки, 30 министри за трговија и 35 министри за надворешни работи, како и претставници на Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд и Светската трговска организација и други меѓународни тела.

Руските претставници, според претходните најави, нема да учествуваат, а се очекува да присуствува и кинеската делегација.

На листата учесници се лидерите од регионот, како Еди Рама, потоа специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, највисоките претставници на ЕУ и европските лидери, како претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен , германскиот канцелар Олаф Шолц и други.

Според организаторите, главни теми ќе бидат како да се решат светските економски и еколошки предизвици, војната во Украина и многу други актуелни прашања.

„Сите западнавме во некаква криза“, рече режисерот Клаус Шваб претходно на конференцијата посветена на украинската војна, климатските промени и наизменични проблеми во снабдувањето со енергија и храна.
Давос треба да помогне да се промени размислувањето по пандемијата, рече Шваб, кој го започна Светскиот економски форум во 1971 година.

„Денешниот свет е во критична пресвртница. Пандемијата на Ковид-19 и војната во Украина го потресоа и онака кревкиот глобален систем. Економскиот раст во најголемите светски економии е во застој, а цените на храната и енергијата продолжуваат да растат“, објавија организаторите на овогодинешниот форум во Давос.

Светскиот економски форум е непрофитна групација со мисија да го подобри светот, која организира годишни собири во форма на конференција, а само компаниите треба да платат за учество на форумот.

Пропусниците се кодирани во боја и не секој има еднаков пристап до сите состаноци.

Големите компании имаат обврска да имаат по една жена во петчлената делегација, а просечната возраст на учесниците е над 50 години.

Често може да слушнете дека форумот има свој јазик бидејќи учесниците користат корпоративен жаргон.