Запознајте го Redfora, старт – ап што прави ранци за преживување

190

Откако Зак Милер, Скајлер Халгрин и пријателите доживеале помал земјотрес во 2015 година, во Сан Франциско тие се запрашале како би било ако земјотресот бил голем. Девојката на Милер рекла дека е подготвена за такви ситуации.

“Таа рече: Дозволете ми да ви покажам. Отиде во плакарот и имаше две шишиња вода, од кои едната беше отворена, како и конзерва храна, но без отворач, и комплет за прва помош“, се сеќава Милер.

За Милер и Халгрин, тоа било момент кога сфатиле дека не се подготвени да се справат со кризна ситуација, како што повеќето луѓе не се. Тие решиле да го формираат стартапот Redfora, којшто ќе прави ранци за земјотрес, пренесува CNBC.

“Решивме да им помогнеме на другите луѓе да бидат подготвени за вакво нешто, а во исто време видовме деловна можност“, вели Милер.

Тие подготвиле комплет за преживување на земјотрес за себе и за своите пријатели. Целна група им биле корисници на Facebook во Сан Франциско и во рок од неколку недели тие продале 50 комплети, што тие лично им ги доставувале на своите клиенти.

Халгрин и Милер работеле ноќи и викенди од 2015 до 2017 година, а во почетокот на 2018 година компанијата имала доволно профит и ги напуштиле тогашните работни места.

Природните непогоди, како ураганите, геополитичките тензии на САД со земји како што се Иран и Северна Кореја, постојаните климатски промени и епидемиите водат до тоа да сè повеќе луѓе станат нивни клиенти, тврдат Халгрин и Милер.

Избувнувањето на епидемија на коронавирус, на пример, е вистинска придобивка за Redforа. Компанијата доживува бум во продажба на комплет за итни случаи, наречен  N95, заштитен сет со маски.

Ранецот се продава на Amazon и на сопствената веб-страница за 114,99 долари, и содржи доволно резерви за едно лице да преживее три дена. Црвениот ранец содржи вода, храна, вреќа за спиење и алатки како нараквици за работа, батерија. Најскапиот производ е наменет за шест за седум дена, а чини 741,99 долари. Исто така, може да се купат специјализирани комплети за автомобил, канцеларија или домашно милениче.

Фото:Facebook