Запрено испраќањето на пратки од Македонија кон Кина

73

Поради ширење на Корона вирусот во Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина, соопштуваат од Пошта на Македонија.

Од таа причина, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период. Пратките од Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика.

Од Пошта на Македонија упатуваат апел до корисниците на нивните услуги за разбирање, а за сите промени навремено ќе известуваат.

Фото: Pixabay