Zara ги “изигра“ работниците: Планот за затворање продавници тргна наопаку, вработените сами си даваат откази

206

Спроведувањето на планот за затворање на повеќе од 1.200 продавници Zara ширум светот ги налути шпанските синдикати, кои тврдат дека биле измамени од управата на матичната компанија Inditex.

Работниците од шпанскиот Inditex тврдат дека компанијата ги принудува да си дадат отказ нудејќи им многу неповолни услови за нови работни места. Проблемот настана откако најголемиот малопродажник на облека во светот започна да ги затвора помалите продавници и да ги реновира поголемите.

Годинава, Inditex има намера да затвори повеќе од 700 продавници во Европа, потоа 100 во Северна и Јужна Америка, како и 400 во други земји од светот. Како дел од планот за затворање, беше постигнат договор со шпанските синдикати за заштита на работното место.

Според условите на тој договор, Inditex се обврза да им понуди на сите работници од продавниците кои ќе се затворат нови работни места што се во согласност со нивните претходни работни должности и стаж. Притоа, новата работа не треба да биде оддалечена повеќе од 25 километри од претходната работа. Сепак, компанијата не се придржува до договорот , тврдат работниците и синдикатите.

Во некои случаеви на работниците им е понудено заменско работно место на другиот крај од Шпанија, па така некои би требало да патуваат седум часа до работното место. Секој четврти работник на кој му било понудено заменско работно место дал отказ.

Портпаролот на Inditex истакнува дека компанијата го почитува договорот со синдикатите.

Фото: Facebook