Zara ја “победи“ короната

108

Шпански Inditex, сопственик на синџирот облека Zara, го “победи“ коронавирусот. Според Ројтерс, Inditex вчера објави дека продажбата во вториот фискален квартал достигна 6,99 милијарди евра. Како резултат на тоа, продажбата на најголемиот светски продавач на облека го надмина нивото забележано пред пандемијата на Ковид -19 за 7 проценти.

Компанијата го припишува таквиот резултат на фактот дека повеќето продавници се отворени, а клиентите побрзаа да ја обноват гардеробата поради отворањето на економијата.

Резултатот од продажбата во голема мера е во согласност со очекувањата на аналитичарите во истражувањето на Refinitiv кои прогнозираа продажба од 7,02 милијарди евра. Покрај приходите од продажба, Inditex, исто така, генерираше поголем профит отколку во 2019 година. Според извештајот, нето добивката достигна рекордни 850 милиони евра, што е за четири проценти повеќе отколку во 2019 година. За илустрација, во вториот квартал минатата година, профитот изнесуваше 214 милиони евра.