Заработуваат над милијарда евра од шверц на дрога во време на пандемија

29

Пандемијата го поттикна организираниот криминал во Европа, којшто веќе достигна критично ниво поради огромните количини на шверцуван кокаин, предупредува Europol.

Криминалните мрежи најверојатно ќе профитираат од економската криза што ја предизвика пандемијата за да се инфилтрираат во легалните компании коишто се соочија со сериозни проблеми поради рестриктивните мерки воведени поради пандемијата, сметаат од европската полициска агенција.

Настојувајќи да профиритаат на напорите за надминување на здравствената криза во светот, организираните банди нудат лажни вакцини против коронавирус или лажни комплети за самотестирање.

“Дојдовме до точка на вриење. Влијанието на животот на граѓаните, а економијата и на правната држава е премногу важен. Долготрајната пандемија ќе изврши силен притисок врз европската и светската економија“, вели Катрин де Бол, директорка на Europol.

Europol изразува загриженост и поради зголемената корупција поврзана со шверц на дрога бидејќи нелегално се тргува со “незапаметени количини на кокаин“ во ЕУ од Латинска Америка со што се генерира заработка од над милијарда евра. ,

“Шверцот со кокаин ги ‘храни’ криминалните структури коишто се служат со своите големи ресурси за да се инфилтрираат и да ја поткопаат економијата во ЕУ, јавните институции и општеството“, открива Europol.

“На почетокот забележавме зголемено фалсификување на маска и гел за дезинфекција. Сега има зголемена трговија со лажни вакцини и лажни тестови за самотестирање“, вели де Бол.