“Заробена” јахтата на Стив Џобс поради неисплатен долг

53

Новата јахта на основачот на компанијата Apple, Стив Џобс, не може да ја напушти Холандија каде што е изградена поради спор околу неисплатен долг на дизајнерот.

Џобс, пред да почине, на јахтата Venus работеше со францускиот дизајнер Филип Штарк, познат по својата минималистичка естетика. Како што изјави неговиот адвокат, Штарк добил шест милиони евра од девет, колку што бил договорот и сега бара да му се исплати тоа што му се должи.

Јахтата се наоѓа во пристаништето во Амстердам од 8 декември и нема да го напушти се додека не се реши спорот.

Изработката на јахтата чинеше вкупно 105 милиони евра.