Заштедете пари при секое патување

26

1

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете со пријателите.

2

Колку пати сте имале потреба да испратите пратка до некоја дестинација, но сте се откажале поради високите трошоци за транспорт? Или пак сте посакале да купите производ од Амазон, меѓутоа истиот нема испорака до вашата локација…
Токму ова е причината поради која е креирана апликацијата која ја одбравме за денешниот „Производ на денот“ – BuddyExpress.

BuddyExpress овозможува конектирање на патниците кои имаат дополнителен простор за багаж со луѓето кои имаат потреба од транспорт за нивните производи.
Оваа апликација е одлична можност за сите корисници бидејќи секоја страна има свој бенефит.
Патниците можат да заработат дополнителен приход така што безбедно и сигурно ќе ги пренесат пратките до потребната дестинација, особено до оние места каде што нема комерцијална испорака.
Доколку соберете доволен број на пратки до дестинацијата која сакате да ја посетите, ќе успеете да заштедите на пари за карта и практично ќе патувате бесплатно 🙂

Image source: http://a3.mzstatic.com/us/r30/Purple49/v4/f9/e7/74/f9e7749a-484b-754a-bc20-8922e9db1cac/screen322x572.jpeg

Испраќачите пак, имаат можност да одберат начин за транспорт кој најмногу одговара на нивните можности. Со оглед на тоа што услугите за испорака во итни случаи се значително поскапи, со помош на BuddyExpress испраќачите ќе можат да ги намалат своите трошоци. Истовремено добиваат гаранција дека пратката ќе стигне неоштетена, безбедно и навремено, инаку средствата ќе им бидат рефундирани.

3

Image sources: http://a1.mzstatic.com/us/r30/Purple69/v4/0a/73/0d/0a730d26-1136-5af2-6552-dee5aefce819/screen322x572.jpeg

http://a3.mzstatic.com/us/r30/Purple2/v4/fa/a8/57/faa8578f-d89e-c12a-8893-1bf3942cc58e/screen322x572.jpeg

Оваа апликација функционира така што најпрво патниците и испраќачите меѓусебно се договараат за цената на услугата преку BuddyExpress. Потоа, откако патникот ќе ја достави пратката до договорената дестинација добива код со конфирмација од страна на примачот. По успешно завршување на процесот на испорака, BuddyExpress извршува исплата на средствата од сметката на испраќачот до патникот.

Што велите вие за оваа идеја? Дали би се нафатиле да пренесувате пратка во замена за бесплатно патување до посакуваната дестинација?

Среќно,

Brainster заедницата

BrainsterCo